29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои градови во светот живеат најмногу милијардери?

Во кои градови во светот живеат најмногу милијардери?

new_york_1333

Во светот има повеќе милијардери од било кога – поточно 2437, според истражувањето на компанијата „Wealth-X“, која секоја година објавува своја листа со милијарди.

Каде живеат овие милијардери?

Најмногу се во Њујорк – 97, а во првите пет на омилените градови на богаташите се наоѓаат уште Хонгконг, Москва, Лондон и Пекинг.

„Кога ги гледаме главните градови во кои живеат милијардерите во светот, важно е да признаеме дека финансиите остануваат доминантна индустрија за оваа група од населението“, соопштува „Wealth-X“ за „CNBC“.

„Како резултат на тоа повеќето милијардери живеат во финансиски центри како Лондон и Њујорк“, дополнуваат од компанијата.

„Wealth-X“ исто така, истакна дека милијардери сакаат да бидат опкружени со милијардери.

„Има зголемување на концентрацијата на богатството во последните години… Затоа присуство во градовите како Њујорк, Лондон и Хонг Конг стана речиси предуслов за милијардерите“, забележуваат уште од „Wealth-X“.

Топ 40 на градови со најмногу милијардери во светот:

%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%82%d0%b5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП