25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија во топ 10 во светот за водење бизнис

Македонија во топ 10 во светот за водење бизнис

doing

Македонија е меѓу најдобрите 10 светски и пет европски економии за водење бизнис, вели најновиот извештај на Светска банка, реномираниот Дуинг бизнис 2017.

Согласно извештајот Дуинг бизнис во најдобрите десет економии се вбројуваат Нов Зеланд (1), Сингапур (2), Данска (3), Хонг Конг (4), Република Кореја (5), Норвешка (6), Велика Британија (7), САД (8), Шведска (9) и Македонија (10).

Во Европа пред Македонија се само четири економии и тоа Данска, Норвешка, Велика Британија и Шведска, што претставува огромен успех за државата.

Уште позначајно е тоа што во најновиот извештај Дуинг Бизнис Македонија е подобро рангирана од 25 земји членки на Европската унија.

Македонија е подобро рангирана од Естонија (12), Финска (13), Латвија (14), Германија (17), Ирска (18), Австрија (19), Литванија (21), Полска (24), Португалија (25), Чешка (27), Холандија (28), Франција (29), Словенија (30), Шпанија (32), Словачка (33), Романија (36), Бугарија (39), Унгарија (41), Белгија (42), Хрватска (43), Кипар (45), Италија (50), Луксембург (59), Грција (61) и Малта (76). Нашата држава е најдобро рангирана земја во цела Источна Европа.

И оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од Словенија (30), Романија (36), Бугарија (39), Хрватска (43), Србија (47), Црна Гора (51), Албанија (58), Косово (60), Грција (61), Турција (69) и Босна и Херцеговина (81).

За потсетување, пред десет години Дуинг Бизнис ја рангираше Македонија на 94­то место.

db

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП