24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТретолигаш го исфрли Баер од германскиот Куп

Третолигаш го исфрли Баер од германскиот Куп

baer099

Еден од четирите тима кои ја преставуваат Германија во Лигата на шампионите, Баер од Леверкузен, во вторникот доживеа елиминација од националниот Куп од третолигашот Лоте.

Баер Леверкузен доживеа шокантна елиминација уште во второто коло во Купот на Германија. Третолигашот Лоте забележа една од најголемите победи во својата историја и се пласира во наредната рунда.

Натпреварот во 90 минути заврши 1-1, а по 120 минути игра на семафорот стоеше 2-2, Лоте по подоброто изведување на пенали победи со 6-5. Баер од 78.минута играше со фудбалер повеќе но не успеа да го елиминира третолигашот.

Покрај Баер уште еден Бундеслигаш доживеа елиминација во второто коло. Фрајбург на пенали загуби од второлигашот Сандхаузен со 7-6, откако по 120 минути игра резултатот беше 3-3.

Борусија Менхенгалдбах без проблеми го совлада Штутгарт 2-0.

Пласман во наредната рунда избори Арминија која во Дрезден славеше над Динамо со 1-0, потоа Херта со триумфот од 2-0 над Сент Паули, односно Минхен 1860 со триумфот 4-3 над Волфсбург Кикерс, како и Хамбург кој со 4-0 го совлада Халешер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП