25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕднонасочен сообраќај на неколку улици во Црниче

Еднонасочен сообраќај на неколку улици во Црниче

%d1%86%d1%80%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b5

Општина Кисела Вода започна со реализација на проект за регулирање на сообраќајниот режим во еднонасочен правец на неколку улици во населба Црниче, со цел растеретување на сообраќајниот метеж и поголема безбедност.

Согласно проектот, ревидиран и одобрен од стручните служби при град Скопје и МВР, еднонасочни ќе бидат улиците Партение Зографски, Христо Узунов и дел од Серска, каде активностите се веќе завршени, а ќе бидат опфатени и улиците Жванска, Дамбени, Баница и Наум Охридски.

Дополнително, согласно проектот, на овие улици веќе се поставува хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Активностите во насока на обезбедување на поголем ред во сообраќајот ќе бидат комплетно реализирани до крај на месецов.

Проектот е целосна инвестиција на општина Кисела Вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП