25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati го одложува Alfieri за 2020-та година

Maserati го одложува Alfieri за 2020-та година

msalfieri3

„Maserati“ го одложи својот нов модел „Alfieri“ за 2020-та година, објави магазинот „Autocar“ кој го цитираше шефот на брендот за Европа, Џулио Пасторе. Новиот спортски модел на Италијанците, кој ќе биде директен ривал на „Porsche 911“, требаше да биде претставен во 2014-та година, но веќе сериозно доцни.

Концептот кој покажуваше како ќе изгледа „Alfieri“, се појави на саемот во Женева во 2014-та година, а од „Maserati“ најавија дека почетокот на производството претстои наскоро. Сега сепак „Alfieri“ се одолговлекува, бидејќи во „Maserati“ приоритетот е да бидат лансирани наследниците на „GranTurismo“ – купе и кабриолет.

Проектот „Alfieri“ се роди под раководство на поранешниот шеф на брендот Харалд Вестерн, кој оваа година беше заменет од досегашниот шеф на продажбата на „FIAT Chrysler“ во САД Рид Бигланд. Портпаролка на „Maserati“ не сакаше да потврди дали одлуката за одложување на „Alfieri“ доаѓа од Бигланд.

Големиот шеф на „FCA“, Серџо Маркионе веќе објави дека очекува продажбата на „Maserati“ да достигне 75.000 годишно до 2018-та. Минатата година компанијата продаде 40.000 автомобили. Овие резултати дефинитивно ќе се подобрат, бидејќи претстои лансирањето на кросоверот „Levante“ во САД – најголемиот пазар на брендот, каде во 2015-та година Италијанците продале 37% од своите автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП