29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНа многумина не им е омилена, но сепак е исклучително здрава

На многумина не им е омилена, но сепак е исклучително здрава

broccoli

На сите ни е познато дека брокулата е намирница која изобилува со витамини, минерали и други хранливи состојки. Бројни истражувања покажаа дека брокулата исто така помага и во борбата против ракот, а всушност токму оваа намирница на многунима не им е омилена.

Овој магичен зеленчук изобилува со витамин Ц, витамин К, минерали, глукозинолат и фенолни соединенија. Со сите овие корисни елементи, брокулата е вистински борец во лекувањето на разни хронични болести.

Некои од болестите во кои помага се кардиоваскуларните проблеми, ракот на дојка и простатата. Главна причина за силината на брокулата во лекувањето на хроничните болести е нејзиното антиоксидантно делување.

Истражувањата кои се направени за да се докаже дека брокулата навистина помага во превенцијата и лекувањето на рак, а антиоксиданти со кои изобилува даваат виталност и помагаат при обновување на клетките кои се зафатени со рак.

Ако страдате од остеопороза, вметнете ја брокулата во своето мени поради високото ниво на витамини К кој го содржи во себе. Овој витамин помага во регулирањето на згрутчувањето на крвта и со тоа позитивно влијае на квалитетот на коските.

Воведувањето на брокулата во дневната исхрана ќе ви помогне да го зачувате вашето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП