25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Русија преговараат за склучување на договор за социјална сигурност

Македонија и Русија преговараат за склучување на договор за социјална сигурност

socijalna-politika

Во периодот од 18-ти до 20-ти октомври во Москва се одржа првиот круг на преговори меѓу македонски и руски експерти за склучување на договор меѓу Македонија и Русија за социјална сигурност, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Двете делегации разменија информации за правните прописи во областа на пензиското и здравственото осигурување, права по основ на невработеност, повреда при работа, професионална болест, како и права по основ на бременост, раѓање и мајчинство на Република Македонија и Руската Федерација.

За време на преговорите се разгледуваа одредби од Нацрт текстот на Договорот за соработка во областа на социјалната сигурност предложен од руска страна. Двете делегации се договорија вториот круг на преговори да се одржи во март 2017-та година во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП