24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis објави пад на добивката седми квартал по ред

Novartis објави пад на добивката седми квартал по ред

novartis9944

„Novartis“, вториот најголем производител на лекови во Европа по продажба, објави пад на добивката седми квартал по ред, откако силната конкуренција се одрази врз продажбата на нејзиниот лек за лекување на рак „Gleevec“, соопштува „Bloomberg“.

Добивката за третиот квартал се намали за 3% до 1,23 долари по акција наспроти 1,27 долари по акција од минатата година, објави компанијата со седиште во Базел, Швајцарија. Сепак добивката е поголема од просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, кои очекуваа заработка по акција од 1,20 долари.

„Novartis“ е погодена од наглото паѓање на продажбата на својата единица за нега на очите „Alcon“. Компанијата се потпира на новите третмани во кардиоваскуларната медицина со лекот „Entresto“, како и на лекот „Cosentyx“ за псоријаза.

Главниот извршен директор Џо Хименез во јули ги нарече овие два лекови „катализаторите во следните пет години“.

„Novartis“ ја задржува годишна прогноза за продажба на „Entresto“ – лек кој донесе 53 милиони долари во кварталот при очекувања за продажба за 57 милиони долари, во износ од 200 милиони долари.

Приходите од лекот „Cosentyx“ исто не одговорија на очекувањата и донесоа 301 милиони долари.

Вкупно приходите за кварталот се намалени за 1 отсто до 12,1 милијарди долари. Просечната оценка на аналитичарите беше за приходи во износ од 12,2 милијарди долари.

Очекувањата на „Novartis“ за 2016-та година се за нето продажба блиска до минатогодишната, и оперативен профит на исто ниво како и 2015-та година или помал со ниска едноцифрена стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП