19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonte dei Paschi di Siena подготвува претставување на спасувачки план

Monte dei Paschi di Siena подготвува претставување на спасувачки план

monte3999

Италијанската банка „Monte dei Paschi di Siena“ се подготвува да го претстави бизнис планот за зголемување на капиталот под водство на новиот извршен директор Марко Морели, откако акциите на компанијата цела недела бележеа раст, поттикнати од можноста за алтернативен план за справување со кризата, пренесува „Ројтерс“.

54-годишниот Морели, поранешен шеф за Италија на „Bank of America Merrill Lynch“, ја презеде функцијата во третата најголема банка во земјата во средината на септември. Тој ја доби поддршката на инвеститорите за план за вработување на 5 милијарди евра (5,4 милијарди долари).

Составен со помош на „JPMorgan“, планот предвидува и продажба на 28 милијарди евра лоши кредити, за да се задржи стабилноста на банката, откако таа се покажа како најслабиот давател во Европа, како што се покажаа на последните стрес тестови во текот на летото.

Покрај тоа, референдумот за гласање на уставните реформи на Италија на 4-ти декември оваа година носи ризик за Владата на Матео Ренци што ги загрижува инвеститорите. Тие не се подготвени да се вклучат со посериозни планови, додека не го дознаат резултатот од гласањето, додава „Ројтерс“.

Акциите на „Monte dei Paschi“ ја намалија својата вредност за 75% од почетокот на годината досега покрај растот од минатата недела, предизвикан од појавата на алтернативен спасувачки пакет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП