19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch води, но продажбата на паметни часовници се преполови

Apple Watch води, но продажбата на паметни часовници се преполови

vocapple33

На прв поглед би можеле да заклучиме дека никој повеќе не сака да купи паметен часовник. Според податоците на „IDC“, испораките на паметни часовници во минатиот квартал биле за 51,6 проценти послаби од истиот квартал од минатата година, поточно од 5,6 милиони часновници, сега се испорачани 2,7 милиони примероци.

На овој пазар води „Apple“, компанија која исто така забележа драстичен пад од 72 отсто. Интересно, најголемиот раст меѓу водечките компании го имаше „Garmin“, кој тројно ја зголеми продажбата на 600.000 часновници.

Но, не е се така црно? Имено, падот во минатиот квартал имаше смисла кога се гледа достапноста на нови модели кои ќе бидат интресни за купувачите, а нив не ги имаше. Часовникот на „Apple“ имаше најголем удел на пазарот и токму во овој период нивниот прв ваков уред стана широко достапен, а нивниот нов часовник дури сега беше претставен.

„Samsung“ исто така го претстави „Gear S3“, кој наскоро треба да се појави во продажба. „Motorola“ не претстави нов часовник во септември, додека популарниот „Pebble“ дури во септември во продажба го пушти „Pebble 2“.

„Стана јасно дека сегашните паметни часовници не се за секого“, вели Џитеш Убрани од „IDC“. Се наведува дека намената е клучна и поради тоа многумина се фокусираат на финтес уредите кои се значително поедноставни. Станува збор и за пазар кој е значително нови, па многу производители истражуваат каков уред ќе се покаже најдобар за пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП