18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпигл: Германците високо ја ценат Русија

Шпигл: Германците високо ја ценат Русија

951489241580df92cbbc38141161000_w640

Русија е високо ценета меѓу германските инвеститори – во првата половина од 2016 година германските компании инвестирале во Русија речиси исто како за цела 2015, наведува Шпигл.

Шпигл се повикува на податоците на германско-руската комора и германската Федерална банка.

Во првта половина од оваа година обемот на директни инвестиции од Германија достигнал 1,73 милијарди евра. Истовремено за цела 2015 година тој показател достигнал 1,78 милијарди евра.

„Само во вториот квартал од 2016 година германските компании инвестирале 655 милиони евра, три пати повеќе отколку во истиот период минатата година“, се наведува во статијата.

Едно од стредствата за привлекување на странски инвестиции во Русија е т.н. посебен инвестициски договор. На пример, германската компанија „Klas“, еден од водечките производители на земјоделска механизација во светот, потпиша посебен инвестициски договор со Министерството за индустрија, со кој компанијата доби статус „руски производител“, па на тој начин може да добива државни субвенции.

Странските компании инвестираат во производството кое засега не постои во Русија. За некоја компанија да добие статус „руски производител“ минималниот износ на инвестиции мора да биде 10 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП