18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМожно е Кеопсовата пирамида да има уште две скриени одаи

Можно е Кеопсовата пирамида да има уште две скриени одаи

%d0%ba%d0%b5%d0%be%d0%bf%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b0

Славната Кеопсова пирамида во Гиза, едно од седумте светски чуда на Стариот свет изградена пред околу 4.500 години, можеби во својата внатрешност сокрива непознати досега одаи, објавија неодамна научниците коишто ја користат радиографијата за темелно да го проучат ова величествено здание.

Минатата седмица египетското министерство за старини објави дека во Кеопсовата пирамида изградена во текот на владеењето на кралот Кнуфу (Кеопс на грчки јазик), со помош на модерната технологија се откриени „две аномалии“,како и дека научниците неуморно работата на истражување на Големата пирамида во Гиза за што попрецизно да се одреди нивната цел и големина.

Пирамидата е висока 146 метри и е наречена според синот на фараонот Снефру, а има досега познати три одаи, и како и другите египетски пирамиди била наменета да стане гробница на фараонот.

Научниците кои го водата истражувањето Operation ScanPyramid, велат дека сега со сигурност може да го потврдат постоењето на „празнини“ зад северната страна којашто би можела да биден во форма барем на еден ходник кои се протега во внатрешноста на Големата пирамида. Втората „шуплина“ е откриена на североисточната страна од пирамидата.

Проектот Operation ScanPyramid започна во октомври минатата 2015 година со цел да се потврдат сомневањата и тогаш појавените знаци за постоење уште две скриени комори во Кеопсовата и во соседната пирамида на Кафра во Гиза, како и во пирамидите во Дашуру, јужно од египетската престолнина Каиро.

Во истражувањата се користат термографија, мионска радиографија и 3Д реконструкција. Тоа, според тврдењето на научниците, се неинвазивни методи. Појаснуваат дека мионите, видови тешки електрони, се слични на рентгенските зраци кои продираат во телото и овозможуваат сликање на косите, а можат „да минат низ камен со дебелина од повеќе стотици метри пред да се апсорбираат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП