20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВалонија тврди дека не е можно да се почитува ултиматумот на ЕУ...

Валонија тврди дека не е можно да се почитува ултиматумот на ЕУ за CETA

ttip-33

Претседателот на парламентот на Валонија, Андре Антоан, изјави во понеделникот дека „нема да биде можно да се почитува ултиматумот“ на Европската унија во врска со белгискиот потпис на договорот за слободна трговија со Канада, односно Сеопфатниот економски и трговски договор (Comprehensive Economic and Trade Agreement – CETА), кој минатиот петокот го отфрли франкофоната покраина Валонија, а потоа и германската јазична заедница во Германија ја повлече својата согласност.

„Нема да биде можно да се почитува тој ултиматум“, изјави претседателот на парламентот на Валонија, Андре Антоан во интервју за белгиското радио RTL.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во неделата до понеделникот вечерта ѝ даде на Белгија, која е блокирана од валонскиот отпор кон CETА, рок да се изјасни дали е можно да се потпише договорот што е предвидено за во четврток во Брисел.

Антоан побара повеќе време за да може франкофониот јужен белгиски регион Валонија да може да ги проучи текстовите, избегнувајќи го одговорот на прашањето на колку точно време ќе ѝ биде потребно.

„Утре тоа ќе биде договор со Американците, Јапонците и Кинезите, уште отсега треба да се создаде солидна правна рамка“, со Канаѓаните „коишто ги обожуваме“, изјави Антоан.

Валонија гледа опасности во CETA и во TTIP (Трансантлантското трговско и инвестициско партнерство, договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, за кој уште се преговара и кој наидува на голем отпор во Европа), и бара повеќе гаранции за заштита од моќните мултинационални компании.

Белгија е единствената од 28-те членки на ЕУ која не го потпиша договорот CETA, поради противењето на Валонија и сложениот белгиски политички систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП