29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntesa Sanpaolo е подготвена да ги финансира големите руски проекти за гас

Intesa Sanpaolo е подготвена да ги финансира големите руски проекти за гас

intesa3353

Италијанската банка „Intesa Sanpaolo“ е подготвена да ги финансира големите руски енергетски проекти, претставени од Москва, но недобивањето на европско одобрение ги стопира во нивните намери. Уште во текот на летото институцијата изјави дека е заинтересирана за проширување на „Северен поток“.

На крајот на минатата недела, претседателот на Одборот на директори на банката Антонио Фалико изјави за „РИА Новости“ дека имаат подготвеност да учествуваат и во финансирањето на „Турски поток“.

„Ако имаме можност, ние сме подготвени да го направиме тоа сами или со учество на други банки“, објасни тој. Банката планира да учествува и при нова емисија на еврообврзници на „Газпром“, рече уште Фалико.

Москва одамна бара начини за финансирање на својата гасна експанзција, но и двата споменати проекти сеуште немаат одобрение од страна на европските институции. Нешто повеќе – „Северен поток 2“ всушност има силен отпор од земјите во Централна и Источна Европа.

Полска дури одби да го регистрира заедничкото претпријатие меѓу акционерите – „Газпром“, „Engie“, „Wintershal“, „Shell“, „OMV“ и „Uniper“. Ова ја става под знак прашање реализацијата на проектот, бидејќи ќе биде нарушено главното европско правило – компанија која добива природен гас, да не биде мнозински сопственик на гасоводот, кој ја испорачува суровината.

Сепак во Москва не ја кријат својата увереност дека „Северен поток 2“ ќе биде изграден. Дури во ноември ќе биде изграден и првиот дел од гасоводот на руска територија, изјави за време на Евроазискиот форум, кој се одржува во Верона, директорот за комуникации на „Nord Stream 2“ Улрих Лисек.

На ист начин Русија делуваше и во однос на „Јужен поток“ – беше направено првото заварување меѓу цевки по трасата на гасоводот на бугарска територија, како и беше даден почетокот на изградбата на компресорската станица на брегот на Црното Море во Русија.

Во однос на „Турски поток“ во Брисел сеуште немаат јасна позиција. Русија и Турција потпишаа договорот за проектот на 10-ти октомври, но сеуште не е јасно како ќе биде испорачан гасот за Европа по овој гасовод. Плановите засега предвидуваат да биде изградена една цевка која ќе го напојува турскиот пазар. Во подоцнежна фаза ќе биде изградена и втора која ќе гарантира снабдување на Јужна Европа.

Од Турција цевките ќе минуваат низ гасен центар на територијата на Грција и оттаму ќе бидат распределени за земјите во регионот, покажуваат првичните идеи на „Газпром“. За целта сепак Москва ќе мора да ги почитува сите европски правила во областа на енергетиката и заштитата на конкуренцијата, изјавија веќе од Атина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП