28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG се откажува од модуларните мобилни, G6 ќе има класичен дизајн

LG се откажува од модуларните мобилни, G6 ќе има класичен дизајн

modular-33

Иако во последно време многу се експериментира со модуларните телефони, а „LG“ дури еден официјално го пушти во продажба – „LG G5“, таквиот концепт сепак не заживеа. Потсетуваме, „Google“ се откажа од проектот „Ara“, a според најновите информации истото го направи и „LG“.

Имено, иако во последните месеци многу се шпекулираше, (самиот „LG“ исто така ги поттикна таквите гласини) дека наследникот на „G5“ ќе биде модуларен од тоа најверојатно нема да се случи ништо. Според информациите до кои дојде корејски „ET News“, „G6“ ќе има класичен дизајн, каков што ги одличкуваше моделите пред експерименталниот „G5“.

„ET News“ наведува дека дизајнот на „G6“ потсетува на „V20“, со тоа „G6“ нема да има дополнителен екран, како што е во случајот со „V20“ модел. Ова во некоја рака претставува изненадување затоа што минатиот месец од „LG“ пристигнуваа сигнале дека компанијата ќе продолжи со развивање а модуларни телефони уште барем една година.

Иако „G6“ најверојатно нема да биде модуларен телефон, „ET News“ наведува дека нема да биде „досаден“ затоа што за него „LG“ подготвува функции какви досега ги немаше на ниту еден смартфон. За кои фукнции станува збор засега не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП