28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDS ќе прави ривал на Audi Q5

DS ќе прави ривал на Audi Q5

ds50000

Премиум брендот на „Citroen“ – „DS“, планира „SUV“ модел од средната класа, кој ќе биде директен ривал на „Audi Q5“, соопшти британското списание „Auto Express“. Весникот го цитира шефот на „Peugeot“, Максим Пика.

Новиот модел ќе дебитира во Женева во март 2017-та година, а се очекува неговиот дизајн да е под силно влијание од концептниот „Wild Rubis“, кој се појави во 2013-та година.

По појавата на моделот од средната класа, во 2018-та „DS“ планира да претстави и компактен кросовер, кој пак ќе биде позициониран како конкурент на „Mini Countryman“ и „Audi Q1“. Тој ќе биде изграден врз модуларната платформа, користена кај следната генерација на моделите „Peugeot 208“ и „DS3“.

Пика најави и дека првиот сериски електромобил на групата „PSA“ ќе дебитира на пазарот под брендот на „DS“. Тој ќе биде дел од новата стратегија на француската група, според која меѓу 2019-та и 2021-ва година „PSA“ треба да претстави 11 еколошки модели – три електрични и 8 „plug-in“ хибриди.

Покрај тоа „DS“ е и брендот на „PSA“, која е насочена кон електричните модели, па компанијата веќе учествува сериозно во светскиот шампионат во Формула Е, каде е партнер на тимот „Virgin“ на сер Ричард Бренсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП