25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗборови кои многу им значат на вработените

Зборови кои многу им значат на вработените

perrigoemployees_1

Колку малку е потребно за да се среќни вработените? Бонусите, бенефициите и парите не се единствените нешта кои ги прават среќни. Понекогаш само неколку збора може да ја зголемат мотивацијата. Видете кои се фразите кои вработените се радуваат да ги слушнат од шефовите:

Вината е моја

Навистина ќе ја заработите почитта на вработените, доколку ја признаете грешката пред тимот. Многу шефови се обидуваат својата вина да ја пренесат на подредените, наместо самите да ја прифатат одговорноста. Не бидете дел од нив.

Мило ми е што си во нашиот тим

Тоа значи повеќе од „ си ја вршиш добро својата работа”. Тоа значи дека службеникот е оценет поединечно.

Благодарам

Ова, како што знаеме е „Волшебен збор“. Се разбира дека нема потреба шеф да ви се заблагодари за нешто за што на крајот ви се плаќа за да го правите. Но тоа покажува фер однос.

Затоа го правиме тоа….

Луѓето сакаат да знаат каде оди компанијата и каква е целта зад секоја акција. Да им се објаснува тоа од време на време е многу драгоцено за колективот.

Знам дека секогаш можам да сметам на тебе за …

Луѓето сакаат да ги оценуваат за конкретни работи и кога „газадата“ ќе покаже дека ја оценува некоја специфично вештина, тоа многу му значи на работникот.

Што мислите?

Мислењето на секој во тимот е важно, особено за малите колективи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП