20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПромена на пазарот на таблети: Surface е се популарен

Промена на пазарот на таблети: Surface е се популарен

surtabe33

Компанијата „Microsoft“ соопшти дека продажбата на нивниот „Surface“ хибрид пораснала за дури 38 oтсто во однос на истиот квартал од минатата година.

Повеќето пазарни аналитичари како категорија со најголем потенцијал за раст на пазарот на компјутери ги извдовјуваат хибридните уреди кои може да се користат и како таблети и како преносни компјутери.

И додека продажбата на таблети е се послаба, а состојбата на пазарот на компјутери е во минус веќе подолго време, хибридните уреди бележат се поголема продажба, а најдобар пример за тоа е популарноста на 2-во-1 уредите, поточно „Surface“ уредите на „Microsoft“.

При објанувањето на финансиските резултати за последниот квартал, познатиот технолошки гигант соопшти дека продажбата на „Surface“ хибридите („Surface 4 Pro“ и „Surface Book“) во овој квартал забележала раст за 38 проценти во однос на истиот период од минатата година и дека приходите од продажбата пораснале од 672 милиони на 926 милиони долари.

Сепак, информацијата која повеќето новинари ги интересира е бројот на продадени уреди, но на тоа компанијата не даде одговор.

Додека „Microsoft“ може да биде задоволен од се поголемата популарност на своите уреди, „Apple“ веќе десет квартали по ред бележи пад во продажбата на „iPad“.

Во последниот квартал се продадени девет посто помалку уреди во однос на истиот период од лани (9,95 милиони примероци на „iPad“), додека за четвртиот фискален квартал на „Apple“ се очекува и натаму пад на продажбата (oколу 9,1 милиони „iPad“).

Сепак, и покрај намалениот број на продадени таблети, „Apple“ забележа зголемување на приходите од продажбата на „iPad“ (благодарејќи на преставувањето на поскапиот уред „iPad Pro“). Во последниот квартал приходот оствари раст од 7,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП