28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд каде ќе дојде следната голема криза?

Од каде ќе дојде следната голема криза?

sledna-kriza3

Следната година завршува на 7. Ако сте суеверни или верувате на статистиката, тоа ќе ве натера да очекувате уште една финансиска криза. Најголемиот дневен пад на цените на акциите на „Wall Street“ се случи во 1987-ма година. Азиската криза беше во 1997-ма година. Најголемата криза од „Големата депресија“, која започна со банкротот на британскиот хипотекарен доверител „Northern Rock“ и американскиот „New Century Financial“, се случи во 2007-ма година, наведува во својата анализа „Bloomberg BusinessWeek“.

Секако дека е невозможно да се истакне на календарот кога ќе биде следната криза. Она што се знае е дека кризите се случуваат релативно редовно, а некои од предусловите за нивна појава се присутни.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во текот на овој месец го објави годишниот извештај „Global Financial Stability Report“. Во документот не се насетува тревога, но се изразуваат стравувања. Фондот смета дека ризиците во краток период всушност се намалиле, наведувајќи ги зголемените цени на суровините, кои помагаат на клучни пазари во развој, и можноста за полесен пристап до пари во развиените земји. Институцијата сепак предупредува дека „ризиците во среднорочен период продолжуваат да се зголемуваат“ поради нејасната политичка клима, која комплицира одредени проблеми, слабоста на некои финансиски институции во развиените пазари, како и високата корпоративна задолженост во пазарите во развој.

Ризиците кои не изгледаат толку сериозни, можат брзо да се претворат во големи и одеднаш да предизвикаат криза. Она што не може да се негира, е дека долгот – Детонаторот на секој голем финансиски пожар, расте со голема брзина. ММФ наведува дека наоѓајќи се на ниво од 225% од светскиот БДП, вкупниот јавен и приватен долг на финансискиот сектор „е на историски највисоко ниво“. Долгот го стимулира растот, но исто така ја намалува можноста на должниците. Тие продолжуваат да имаат обврски, дури и кога западнат во неликвидност. Ако тие банкротираат, доверителите трпат загуби и понекогаш банкротираат поради нивните обврски. Така се добива домино ефект.

Денес банките во општи линии се посилни од времето кога почнуваше последната финансиска криза, но има и важни исклучоци. Вредноста на средствата на „Deutsche Bank“ – најголемата германска банка, се намалија за 62% од максималните нивоа, постигнати во 2015-та година. Извршниот директор Џон Крајан досега се опира на очигледното решение да издаде нови акции со цел набавка на нови приходи. Германската влада, која имаше цврст став против спасување на јужноевропски банки на тој начин, вели дека нема да го промени курсот поради своите банки. Истовремено во Италија лошите банкарски кредити се во износ од една четвртина од бруто домашниот производ (БДП) на земјата.

Дури и во САД инвеститорите не веруваат дека големите банки за посигурни во споредба со она што тие беа пред последната криза, се наведува во публикација на поранешниот министер за финансии Лари Самерс и на професорката од Харвард, Наташа Сарин. Ревалоризирањето на средствата на големите американски банки се загрижувачко ниско, тврдат Самерс и Сарин. Ова покажува дека нивната т.н. „Franchise value“ еродирала. Тие сметаат дека при една криза тие би имале сериозни проблеми со исплатата на долгот, распродавање на средства.

Ниските камати не им помагаат на банките да се справат со кризата. Тие имаат негативно влијание врз нивните приходи и така ја намалуваат нивната можност да заработат од кредитите кои ги даваат. Не само нивото на каматните стапки е од значење, но исто така и малата разлика помеѓу каматата во краток период, по кои банките влечат кредити и камата на долг период, по кои тие издаваат кредити.

Две регулативи, кои ќе стапат на сила во 2018-та година, ќе почнат да даваат ефект уште во 2017-та година, бидејќи банките ќе почнат да се подготвуваат за нив. Првата, доаѓа од Базелскиот комитет за банкарска супервизија (главен глобален орган кој ги утврдува правилата за банките), а строго го ограничува користењето на потпората како финансиски инструмент.

Втората регулација бара од банките да ги признаваат побрзо очекуваните загуби од кредитите. Иако предметните правила би требало да ги направат банките посигурни, тие исто така би ги намалиле уште повеќе нивните приходи. Ако банките продолжуваат да се обидуваат да се справат со проблемот, обидувајќи се да тераат некако без да се сврти кон акционерите за повеќе капитал, тие би станале уште повеќе несигурни, коментира „Bloomberg BusinessWeek“.

Каков и да е стресот врз обичните банки, тој сигурно се јавува со помал ризик од „сивиот банкарски сектор“, смета Винсент Рејнхард, главен економист во „Standish“, единица на „BNY Mellon“. Фундаменталната грешка на создадениот во 2010-та година Закон Дод-Франк, чија цел беше да го реформира „Wall Street“, е дека зголемувањето на трошоците за управување со обична банка ги турка парите кон сомнителните банки, смета Рејнхард. Системот на таинственото банкарство ги вклучува хеџ фондовите, заедничките фондови на пазарот на пари и тргувањето на хартии од вредност на „Wall Street“, додава тој.

Се чини дека во моментов Кина е најголемиот извор на ризик. Нејзиниот раст е стимулиран од неодржливо високото кредитирање кон бизнисот и домаќинствата, смета Том Орлик од „Bloomberg Intelligence Chief Asia Economist“. „Се уште не е јасно дали зборовите ќе се претворат во дела”, пишува Орлик.

Кинеските банки се „основен ризик, потенцијален детонатор“, смета и Семјуел Мелоун од „Moody’s Analytics“. Тој ја истражува големината, кревкоста и поврзувањето на најголемите светски банки и заклучува дека југоисточните соседи на Кина и најмногу Сингапур се најдиректно загрозени. „Сивото банкарство“ на Кина е огромно и многу комплицирано за разбирање и загубите кои ги трпи, би се пренеле на обичните банки, додава експертот.

Вилијам Бутиер, главниот економист на „Citigroup“, даде интервју за списанието на „Cheung Kong Graduate School of Business“. Во него тој тврди дека е уверен дека властите во азиската земја имаат можност да го спречат развојот на една сериозна криза, но и дека тие не би ги посочиле директно должничките проблеми, пред да се одржат партиските избори во есента 2017-та година. Основниот проблем според него е дека тогаш може да е премногу доцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП