19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGameStick ја направи најмалата конзола

GameStick ја направи најмалата конзола

gamestick

Повеќето играчки конзоли се доста обемни и тоа ја ограничува нивната употреба во дневната соба. Новата компанија „GameStick“ тврди дека ќе им овозможи на љубителите на видео игрите да се забавуваат со своите омилени наслови речиси насекаде.

Наскоро тие ќе започнат со испораката на својата конзола, за која тврдат дека е најмалата во светот. Нејзините димензии всушност алудираат дека тоа може и да е така.

Во комплетот е вклучен и контролер кој има слот за складирање на самата конзола. Уредот е опремен со HDMI порта и поддршка на HD 1080p и може да се поврзе директно со телевизор или компјутерски монитор. Располага и со MicroSD слот за додавање на повеќе игри.

Опремен е уште со WiFi, Bluetooth 4.0, 1GB RAM меморија, 8GB внатрешна меморија. Процесорот е Amlogic 8726-MX. Самиот контролер пак ќе може да се користи и како тастатура или глувче. Освен тоа се овозможува и додавање на повеќе конролери и со тоа четири луѓе ќе можат да играат во исто време.

Оперативниот систем е базиран на „Android Jelly Bean“ и со тоа овозможува играње како на речиси сите „Android игри“, така и на специјално развиените за „GameStick“. Од компанијата дополнуваат дека веќе 250 програмери и компании започнале да ги развиваат или да ги оптимизираат нивните игри за конзолата.

Голем дел од игрите ќе се нудат бесплатно, а платените ќе изнесуваат не повеќе од неколку долари. Цената на самата конзола ќе биде $ 79.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП