19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои земји се најдарежливи кон новите родители?

График на денот: Кои земји се најдарежливи кон новите родители?

roditeli-098

Во повеќето земји во светот новите родители имаат отсуство од работа за одреден период или добиваат финансиска помош, за да останат дома со новороденчињата. Законите за платеното породилно или татковство во различни земји од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) – клубот на главно богатите држави, сепак силно варираат, коментира „Economist“.

Некои од нив им нудат на родителите долги периоди на платено отсуство, но пак за сметка на тоа обезбедена е оскудна финансиска помош во голем дел од тоа време. Други имаат пократки периоди на отсуство или татковство, но пак им исплаќаат на родителите полни плати во овие периоди.

Еден индикатор со кој лесно може да се спореди великодушноста на земјите кон новите родители, е плаќање во целост на просечната плата во земјата како дел од породилното отсуство или татковство.

Според овој показател најдарежливи се земјите во Централна и Источна Европа, каде владите, уплашени од брзото намалување на населението, се обидуваат да ги поддржат паровите да имаат повеќе деца. Во Естонија и Унгарија на пример новите мајки можат да останат дома три години, а во текот на година и пол добиваат износ еднаков на просечната плата во земјата.

Меѓу богатите земји Австралија, Велика Британија, Ирска и Швајцарија се најмногу „стиснати“ од оваа гледна точка, нудејќи им на мајките одмор со целосна исплата најмногу за три месеци.

Повеќето земји од „ОЕЦД“ има платено отсуство и за татковците, но само во некои тој е подолг од две недели. Јапонија е дарежлива кон мажите, давајќи им цела година со плаќање еднакво на 34 полни работни недели. Културната стигма врз родителско отсуство сепак ја ограничува ефикасноста на оваа политика: само 2% од новите татковци во земјата ја искористуваат оваа можноста.

Политичарите во САД – најголема економија во светот, сакаат да се фалат со доктрината на „американската ексклузивност“, според која земјата е апсолутно единствена. Кога станува збор за поддршката кон новите родители, ова тврдење сигурно е точно: САД е единствената земја од „ОЕЦД“, која не нуди никакво платено родителско отсуство.

roditeli-0991

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП