28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНестабилните пазари го принудија Nestle да ја намали годишната прогноза

Нестабилните пазари го принудија Nestle да ја намали годишната прогноза

nestle-39

Најголемата компанија за прехранбени производи во светот „Nestle“ ја намали годишната прогноза откако приходите за првите девет месеци од годината пораснаа со најслабата стапка од повеќе од една деценија. Ова се должи на доцнењето на растот на пазарите во развој и на дефлацијата во Европа и Северна Америка, пишува „Bloomberg“.

Приходите за 2016-та година ќе се зголемат за 3,5% на органска база, објави швајцарската компанија. Така таа се откажува од својата цел за постигнување на раст сличен на минатогодишниот од 4,2%. Продажбата на „Nestle“ за деветте месеци скокнаа за 3,3% и не ги оправдуваат очекувањата на аналитичарите. Акциите на компанијата ја зголемија својата вредност за 2% во Цирих.

Веќе неколку години „Nestle“ и нејзините конкуренти како „Unilever“ и „Danone“ се борат со дефлација во Европа, која не им дозволува да ги качат цените на своите производи. Во моментов тие се соочени со обратна ситуација на пазарите во развој, каде што зголемувањето на трошоците за суровини ги принудува да ги зголемат цените на своите производи во земји како Бразил. Тоа пак ги одбива купувачите.

Нестабилните пазари ќе извршат притисок врз „Nestle“, изјави Марк Шнајдер, кој од 1-ви јануари ќе ја заземе должноста извршен директор на компанијата.

„Одредувањето на цените е еден од најголемите проблеми“, коментира Ален Оберхубер, аналитичар на „MainFirts Bank“. Според него нема изгледи наскоро ситуацијата да се подобри.

Откако „Nestle“ ги качи цените за 1,3% во третиот квартал, растот на продадените количини се забавува до 1,9% од 2,7% во вториот квартал. Зголемувањето на цените на пазарите во развој негативно влијае и на „Unilever“, која минатата недела го забележа првиот пад на испораките за квартал од 2014-та година.

Бизнисот на „Nestle“ со чоколадни производи е еден од најлошо претставените за деветте месеци, продажбата се намали за 1,4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП