23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИKodak пушта смартфон, насочен кон љубителите на фотографијата (фото+видео)

Kodak пушта смартфон, насочен кон љубителите на фотографијата (фото+видео)

kodak-mob-00

„Kodak“ ќе се обиде да влезе на пазарот на смартфони, правејќи го она што го умее најдобро – фотографски камери.

Компанијата го претстави телефонот „Kodak Ektra“ кој работи со оперативниот систем „Android“. Уредот ќе чини 551 долари. „Ektra“ е вториот смартфон на „Kodak“ (по минатогодишниот „IM5“) и ги продолжува напорите на компанијата да го прошири својот бизнис во нови области, откако прогласи стечај во 2012-та година.Во исто време, сепак, главниот акцент во „Ektra“ ќе биде камерата, а дизајнот на уредот се одликува со ретро одлуки кои потсетуваат на старите фотоапарати на компанијата.

kodak-mob-01

Главната камера на „Ektra“ е со резолуција од 21 мегапиксели – речиси двојно повеќе од конкурентските уреди на „Samsung“ и „Apple“, и отвор на блендата од f/2.0. Покрај тоа уредот е опремен и со 13-мегапикселна предна камера. По желба корисниците можат да прават слики во рачниот режим, кој овозможува рачна промена на поставки, но на нивно располагање ќе бидат и сет на автоматски режими како „ноќен живот“ и „спортски настани“.

Останува да се види дали камерата ќе биде доволна за „Ektra“ да биде конкурентен на презаситениот пазар на смартфони, во кој доминираат веќе наметнатите играчи како „Samsung“ и „Apple“.

kodak-mob-02

Извршниот директор на компанијата Џеф Кларк сепак смета дека уредот ќе постигне успех. Во интервју за „CNBC“, тој рече: „Пазарот на смартфони е преполн и не мислам дека во текот на последните две години на него постои суштински производ со диференцијација, (кај нашиот уред) таквата диференцијација има во однос на една од карактеристиките поради кои повеќето луѓе користат смартфони. Ние мислиме дека ова е нова можност за развој на нашата компанија, но во одреден степен има врска и со суштината на нашиот бизнис. Тоа е телефон кој ја нагласува камерата … за разлика од телефоните кои едноставно се опремени и со камера“, додаде Кларк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП