25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовите лекови против рак на Roche го поддржаа профитот

Новите лекови против рак на Roche го поддржаа профитот

roche-333

Фармацевтската компанија „Roche“ ја потврди годишната прогноза за 2016-та година, врз основа на силната продажба на лекови против рак, вклучувајќи и „Tecentriq“ – новата имунотерапија, на која швајцарската компанија се потпира за да се бори со одливот на бројни патенти на постарите лекови, објави „Ројтерс“.

Продажбата за третиот квартал на најголемиот производител на лекови против рак се зголеми до 12,48 милијарди швајцарски франци (12,61 милијарди долари) од 11,9 милијарди швајцарски франци за истиот период од 2015-та година, соопшти компанијата.

Просечната оценка на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“, беше за продажба за 12,68 милијарди швајцарски франци.

Од „Roche“ велат дека сите лекови, пуштени неодамна се претставуваат добро. Препаратот „Tecentriq“ пример донел 77 милиони швајцарски франци од одобрението за лекување на рак на мочниот меур од мај па досега. Се очекува приходите да се зголемат, откако оваа недела американските регулатори дадоа дозвола лекот да се користи и за лекување на рак на белите дробови.

„„Tecentriq“ се претставува во добро од мај, па наваму. Врз основа на презентацијата досега, убеден сум дека ќе ги постигнеме годишни цели за 2016-та година“, рече главниот извршен директор Северин Шуон во соопштението.

Шуон, чија цел е да го наметне „Tecentriq“ во сфера која во моментов се доминира од имунотерапевтски производи на „Bristol-Myers Squibb“ и „Merck & Co“, се очекува продажбата на „Roche“ за 2016-та година да се зголемат со едноцифрена стапка при постојани девизни нивоа.

Компанијата планира да ја зголеми дивидендата во швајцарски франци.

Продажбата за првите девет месеци од годинава се зголеми за 4% кај постојаните девизни курсеви до 37,5 милијарди швајцарски франци, што е малку под просекот на аналитичарите во анкетата на „Ројтерс“ за 37,7 милијарди швајцарски франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП