19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовите модели на Mac ќе бидат претставени на 27-ми октомври?

Новите модели на Mac ќе бидат претставени на 27-ми октомври?

commac-00

„Apple“ планира да претстави нови компјутери од серијата „Mac“ на 27-та октомври, потврдија извори за „Recode“.

Потегот е очекуван одамна, со оглед дека компанијата го објави „MacOS – Sierra“ минатиот месец, но се уште не ги објави новите модели компјутери со овој софтвер. Покрај тоа, новиот хардвер се појавува точно на време за божиќната сезона.

Помина доста долго време без „Apple“ да направи значителни промени во кој и да било од моделите на „Mac“, а повеќето експерти ги охрабруваа корисниците да почекаат со купувања, додека линијата не биде обновена.

Од своја страна „Sierra“ ја одржува можноста на гласовниот асистент „Siri“ да се копираат и преземаат податоци помеѓу „iOS“ и „MacOS“ уреди, заедно со други функции.

Се очекува настанот за претставување на уредите да се одржи некаде во близина на кампусот на „Apple“ во Купертино, а не во Сан Франциско, каде што компанијата спроведува поголем дел од големите настани, вклучувајќи го претставувањето на „iPhone 7“.

Од „Apple“ одбиваат да коментираат на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП