23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ Audi ќе претстави три електрични модели до 2020-та година

 Audi ќе претстави три електрични модели до 2020-та година

eaudi-00

Палетата електрични модели на „Audi“ ќе порасне сериозно во следните неколку години, објави шефот на брендот Руперт Штадлер за списанието „Autocar“.

Тој потврди дека компанијата ќе претстави три нови електрични модели до 2020-та година: кросовер, луксузен седан и градски електромобил. Штадлер објави дека кросоверот, кој ќе дебитира прв, ќе го добие името „E-Tron“, а досега тоа име се користеше за дополнување на веќе постоечки модел, за да означува дека тој е електричен.

„Можеме да го споредиме првиот електричен кросовер со првиот автомобил „Audi Quattro“ кој сите го нарекуваа едноставно „Quattro“. Во долгорочна иднина „E-Tron“ ќе остане како ознака на електричните модели. Но ќе го користиме и како дополнување на други модели на кои електричната опција е верзија“, објасни шефот на „Audi“.

Според извори од „Audi“, луксузниот седан ќе го носи името „А9 E-Tron“ и ќе го има истиот погон како кросоверот – трите електромотори, најверојатно еден на предната оска, а другите два – на задната. Таква беше шемата на погон на прототипот на кросовер – „E-Tron Quattro“, кој дебитираше минатата година во Франкфурт.

Лимузината ќе биде ривал на „Tesla Model S“ и се очекува да има километража од најмалку 500 километри. Штадлер се покажа доста зборлест во однос на идниот градски електромобил на „Audi“.

„Имаме сериозно побарувачка на урбани модели, особено во најголемите градови на светот. Кај нив километражата меѓу 350 и 450 километри со едно полнење е повеќе од добро достигнување. Но треба да создадеме урбани модели кои се со компактни димензии, но со пространа внатрешност“, објасни Штадлер.

Се претпоставува дека за разлика од кросоверот и лимузината, градскиот електромобил на „Audi“ ќе е базиран на платформата на „Volkswagen“, создадена за електричните модели на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП