25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa ја зголеми прогнозата за годишната добивка

Lufthansa ја зголеми прогнозата за годишната добивка

lufthanza394

Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ ја зголеми прогнозата за годишната добивка, на тој начин делумно се спротивстави на своето предупредување за слаба добивка, направено пред само три месеци.

Се очекува приспособениот профит пред каматите и даноците оваа година да биде во согласност со минатогодишното ниво од околу 1,8 милијарди евра, изјави најголемата германска авиокомпанија. „Lufthansa“ направи корекција на прогнозата на најдобрите резервации за кратки деловни патувања во септември.

Промената сигнализира за силната нестабилноста низ која поминуваат европските авиокомпании.

Акциите на „Lufthansa“ забележаа раст од околу 8% во четвртокот наутро по објавувањето на информациите.

Коригираните насоки сепак остануваат под прогнозата на „Lufthansa“ од порано во текот на годината, кога таа им вети на инвеститорите слабо подобрување на профитот во оваа година. Во јули, сепак, поради терористичките напади кои ги исплашија патниците, „Lufthansa“ предупреди дека нејзиниот профит може да се намали под нивото од 2015-та година.

Европските авиокомпании издадоа серија на предупредувања за профит во последните месеци во позадина на невообичаениот предизвик за индустријата. Прекумерната продуктивност ги намали цените на билетите, терористичките напади ја натежнаа побарувачката, а неколкуте штрајкови на екипите на воздушната контрола доведоа до откажување на илјадници летови.

„Lufthansa“ изјави дека продажбата од јануари до септември се намалила до 23,9 милијарди евра од 24,3 милијарди евра на годишна основа. Превозникот генерираше приспособен профит во износ од 1,7 милијарди евра, или со 16 милиони евра под минатогодишните нивоа.

Добивката била поддржана од падот од 798 милиони евра на трошоците за гориво на авиокомпанијата во деветте месеци во однос на истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП