20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПодобрувањето на пазарот на компјутери ги подобри резултатите на Intel

Подобрувањето на пазарот на компјутери ги подобри резултатите на Intel

intel-cekor

Американскиот технолошки концерн „Intel“ забележа повисоки приходи и профит за кварталот, поттикнати од зголемувањето на побарувачката на компјутери и од растот на нејзиниот бизнис со центри на податоци и облачни услуги. Но прогнозата за приходите за тековното тримесечје успеа да разочара, пренесува Ројтерс.

Цената на акциите на најголемиот производител на чипови во светот се намали за 5,3% до 35,75 долари за акција за време на трговијата.

„Intel“ најави дека очекува приходите за нејзиниот четврт квартал да достигнат 15,7 милијарди долари, плус или минус 500 милиони долари. Просечната оценка на аналитичарите е за 15,86 милијарди долари според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Минатиот месец „Intel“ ја зголеми прогнозата за добивка за третиот квартал за прв пат по повеќе од две години, повикувајќи се на подобрувањето на побарувачката на компјутери.

Приходите од бизнисот со центри за податоци, кој нуди складирања базирани во облачни услуги, се зголеми за 9,7% до 4,54 милијарди долари во третиот квартал во споредба со една година порано.

Растот на приходите на таа единица за целата година најверојатно ќе биде околу 8-9%, објави извршниот директор на „Intel“, Брајан Крзанич.

Побарувачката на облачните услуги се зголемува, бидејќи се повеќе компании се насочуваат кон облачни услуги. Од своја страна „Intel“ страдаше од слабата побарувачка на персонални компјутери, а минатиот месец изјави дека гледа подобрување меѓу давателите на компоненти за персонални компјутери.

Според „IDC“ глобалната продажба на компјутери се намалила за помалку од очекуваното во третиот квартал.

Приходите на компанијата од нејзиниот традиционален бизнис поврзан со персоналните компјутери, кој се уште носи над половина од вкупните нејзините приходи се зголемија за 4,5% до 8,89 милијарди долари.

Доколку се исклучат некои елементи, компанијата добила по 80 центи по акција, што е над просечната оценка на аналитичарите за 73 центи по акција.

Приходите се зголемија за 9,1% до 15,78 милијарди долари, надминувајќи ја просечната прогноза за 15,58 милијарди долари.

Нето добивката скокнала до 3,38 милијарди долари, или 69 центи по акција, од 3,11 милијарди долари или 64 центи по акција, од пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП