20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилното тргување со обврзниците го зголеми профитот на Morgan Stаnley

Силното тргување со обврзниците го зголеми профитот на Morgan Stаnley

The logo of Morgan Stanley is seen at an office building in Zurich, Switzerland September 22, 2016. REUTERS/Arnd Wiegmann/File Photo

Профитот на американската банка „Morgan Stаnley“ скокна во третиот квартал за 57 проценти, откако приходите од тргувањето со хартиите од вредност со фиксни приноси се тројно зголемени, јави њујоршката агенција Блумберг.

Нето добивката пораснала на 1,6 милијарди долари, или нa 81 цент по акција, од 1,02 милијарди долари или 48 центи по акција во истиот период минатата година, се наведува во соопштението на њујоршката банка.

„Нашата иницијатива поврзана за намалување на трошоците продолжува. Вкупните резултати се одраз на стабилниот напредок“, се наведува во соопштението на генералниот директор на банката, Џејмс Горман.

Приходите од тргувањето со производи со фиксни приноси пораснале на 1,5 милијарди долари, надминувајќи ја така проценката на аналитичарите од 1,0 милијарди долари, додека вкупните приходи на банката скокнале за 15 проценти, на 8,91 милијарда долари, со што е надмината проценката на 18 аналитичари кои ги анкетираше Блумберг од 8,14 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП