19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAcer има намера да го покори светскиот пазар на криви дисплеи

Acer има намера да го покори светскиот пазар на криви дисплеи

acer-krivi33

Во моментов побарувачката на „LCD“ екрани на светско ниво се намалува, а компанија како „Acer“ се обидува да го освои пазарот, насочувајќи се кон кривите монитори.

Тајванскиот производител има намера да ја зголеми оваа производна линија, за да ја зголеми просечната продажна цена на своите екрани. Во моментов „Acer“ контролира околу 8-9% од светскиот пазар на компјутерски монитори. Со овие податоци компанијата се наоѓа на 6-тото место на листата за водечки производители во оваа сфера.

Компанијата сепак нагласува дека кривите дисплеи, кои ги произведуваат, се наменети првенствено за љубителите на компјутерски игри. Во оваа година продажбата на мониторите за гејмерите се очекува да достигне околу 2 милиони парчиња.

На минатогодишниот септемвриски саем „IFA 2016“, „Acer“ го покажа моделот „Predator Z271T“ – 27-инчен со дисплеј со радиус на крива од 1800 мм, широки агли на прегледот 178 ° и одржување на технологијата за следење на погледот „Tobii EyeX“.

Покрај тоа, компанијата го претстави првиот лаптоп во светот со крив дисплеј „Predator 21 X“. Во моментов асортиманот на „Acer“ се состои од „LED“-монитори со закривени екрани со дијагонала од 24 до 35 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП