20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие четири земји имаат повеќе злато од целиот останат свет

Овие четири земји имаат повеќе злато од целиот останат свет

zlato-kilo-333

Вкупните златни резерви на сите земји во светот изнесуваат 32.977,7 тони, покажуваат податоците од почетокот на октомври на Светскиот совет за злато.

Тоа е со над 170 тони повеќе од 32.803 тони во август, откога беа претходните oбјавени податоци. Земјите од еврозоната, вклучувајќи ја ЕЦБ, поседуваат 10.786 тони златни резерви.

Четирите земји со најголеми златни резерви во светот се САД (8133 тони), Германија (3378 тони), Италија и Франција со односно 2451 и 2435 тони. Вкупно тие чуваат 16.399 тони, што претставува речиси половина од златните резерви на сите земји во светот, вклучувајќи ја и Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Најголемите купувачи во последната 1 година  на злато се Русија и Кина. Во последните 12 месеци Русија ги зголемила златните резерви со 208 тони, додека Кина има додадено 140 тони од овој благороден метал. Далеку назад со близу 34 тони набавки за последните 12 месеци, е Казахстан.

Нето продавач во последната година е Турција, која се ослободила од 62 тони злато. Проблемите во Венецуела предизвикале продажба на 113 тони злато во последните месеци, станува јасно од најновата статистика на Светскиот совет за злато.

Топ 10 покрај масовното купување од страна на Кина и Русија, двете држави продолжуваат да ја заземаат петта и шеста позиција меѓу најголемите имателите на злато со соодветно 1833 и 1526 тони. Седмата позиција е за последната држава со над 1000 тони злато – Швајцарија.

Во топ 10 се уште Јапонија (762 тони), Холандија (612 тони) и Индија (557 тони).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП