25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИспорака на 10 милиони примероци на Galaxy S4 до крајот на април

Испорака на 10 милиони примероци на Galaxy S4 до крајот на април

Specifications-In-Samsung-Galaxy-S4

Компанијата „Samsung“ се подготвува да го испорача паметниот телефон „Galaxy S IV“ до крајот на април на преку 50 пазари ширум светот. Според извештаите од компанијата бројот на примероци би требало да изнесува повеќе од 10 милиони единици.

Второто очекување на овој технолошки гигант е дека до пред крајот на вториот квартал од оваа година бројот на испорачани уреди од моделот „Galaxy S IV“ би требало да изнесува околу 30 милиони примероци.

Се чини дека иако побарувачката за овој нов паметен телефон се зголеми, компанијата би можела без проблем да ја изврши испораката или производството на нови уреди, поради тоа што имаат голема контрола над тие процеси. Се предвидува дека „Samsung“ тешко ќе дојде до некои посериозни проблеми, дури иако побарувачката ги надмине очекувањата, а уште поинтересно е што до крајот на годината се очекува „Galaxy S IV“ да се појави во преку 150 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП