28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonsanto изненади со повисоки финансиски резултати

Monsanto изненади со повисоки финансиски резултати

Monsanto Co. Products Ahead Of Earnings Figures

Американската компанија за семиња и пестициди „Monsanto“ која минатиот месец се согласи да биде купена од германската „Bayer“ за 66 милијарди долари, забележа изненадувачки приспособена профит поддржан од падот на трошоците и поголемиот обем на продажба на семиња на пченка, соопштува „Ројтерс“.

Во септември „Monsanto“ ја прифати понудата од „Bayer“ за 128 долари по акција, што ако биде одобрена од регулаторите, ќе создаде компанија која ќе владее со над четвртина од светскиот пазар на семиња и пестициди.

Се очекуваше компанијата со седиште во Сент Луис, Мисури, да пријави загуба на приспособена база како последица на падот на цените на суровините и падот на приходите на земјоделците.

Нето продажба на бизнисот со семиња на пченка скокнаа за 34% во трите месеци до крајот на 31-ви август, а волуменот се зголеми значително во САД.

Трошоците на „Monsanto“ се намалиле за речиси 10%, што покажува дека мерките за штедење даваат добри резултати.

Компанијата очекува профитот за фискалната 2017-та година да биде меѓу 3,83 долари и 4,35 долари по акција на пријавената база, која ги вклучува трошоците поврзани со трансакцијата со „Bayer“ од меѓу 27 и 34 центи по акција.

Профитот без еднократните ефекти ќе биде помеѓу 4,50 и 4,90 долари по акција во 12-те месеци до крајот на август, што е над профитот од 4,48 долари по акција во фискалната 2016-та година, велат од компанијата.

„Monsanto“ не обезбеди информации за потенцијалната продажба поврзана со трансакцијата на „Bayer“, но рече дека очекува таа да заврши до крајот на 2017-та година, како што беше наведено и порано.

Некои земјоделски групи, компании за семиња и законодавци изразија загриженост околу договорот, велејќи дека тој може да доведе до повисоки цени и ограничен избор за земјоделците.

„Bayer“ и „Monsanto“ изјавија уверување дека зделката ќе помине низ регулаторните проверки. „Bayer“ рече дека е подготвена да се раздели со 1,6 милијарди долари од своето портфолио, за да го добие одобрението.

Нето загубата на „Monsanto“ е намалена до 191 милиони долари, или 44 центи по акција, во четвртото тримесечје до крајот на август од 495 милиони долари, или 1,06 долари за акција, за истиот период во минатата година.

Без еднократните ефекти сепак, компанијата добила по 7 центи по акција. Аналитичарите очекуваа 3 центи по акција, покажува истражувањето на „Thomson Reuters“.

Нето продажбата на „Monsanto“ се зголеми за 8,8% до 2,56 милијарди долари, што е над оценката за 2,36 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП