25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајдобрите бесплатни анти-вирус програми

Најдобрите бесплатни анти-вирус програми

Computer_Virus

Интернетот може да биде многу опасно место доколку го користите без заштита.

Постојат бесплатни верзии на одредени програми за заштита од вируси кои без проблем може да се симнат од интернет.

„AVG“

Во понудата на овој пакет се анти-вирус, скенер за електронска пошта, заштита од крадење на идентитетот и посебна проекција во текот на сурфањето. Кога е во прашање интерфејсот ова можеби е најкомплицираниот од сите анти-вируси на пазарот, затоа што е потребно подолго време за да се научи како да се користи.

„Malwarebytes“

Овој програм е многу едноставен за употреба, а интерфејсот нуди само неколку опции и добра работа е што целиот програм не е „тежок“ за компјутерот. По секирањето на системот, непосакуваните програми многу лесно може да се отстранат.

„Avast“

Ова е еден од најпопуларните програми во светот кога заштитата е во прашање. Многу е лесен за инсталирање, а по краткото скенирање на компјутерот веднаш ќе ви ги покаже проблемите и потенцијалните проблеми кои можат да му наштетат на вашиот компјутер.

„Avira“

„Avira“ е многу силна кога е во прашање одбраната од вируси. Со нејзина помош корисникот има дополнителна одбрана од фишинг, ги блокира рекламите од интернет и нуди посебна протекција за времена користење на друштвените мрежи. Сепак поради тоа ќе се промени и првата страна за време на сурфањето.

„Bitdefender“

„Bitdefender“ морате сами да го подигнете секој пат кога сакате да скенирате некои документи. Дефинитивно е еден од програмите кои ќе препознаат 99 проценти од штетните вируси, кои другите програми ќе ги пропуштат низ својот филтер.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП