25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ: Првото место повеќе не ми е приоритет

Ѓоковиќ: Првото место повеќе не ми е приоритет

gjoko

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека во иднина сака да ужива во играта и дека повеќе не му е приоритет првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ се наоѓа во Белград, таму тренира и се рехабилитира од повредата на лактот, поради што го откажа настапот на турнирот во Пекинг.

„Тоа не значи дека нема максимално да се обидувам да придонесам за овој спорт, но јас не сакам да играм тенис само за да освојувам титули“, ја пренесува Б92 изјавата на Ѓоковиќ.

Актуелниот број 1 рекол дека по освојувањето на титулата на Ролан Гарос, престанал да ужива во тренинзите и мечевите.

„Не сакам да размислувам и да се оптоварувам со првото место на АТП листата и освојувањето на титули“, рекол Ѓоковиќ кој во досегашната кариера има освоено 66 титули, од кои 12 се од Грен слем турнирите.

Српскиот тенисер потенцирал дека Борис Бекер, во претходниот период, бил клучниот човек за неговата психолошка стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП