23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во август

Раст на индустриското производство во август

proizvodstvo industrisko 2334

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2016 година, во однос на август 2015 година, изнесува 105.2.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи опаѓање од 10.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.9%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0%, Капитални производи за 60.8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 69.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.6%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2016 година, во однос на периодот јануари – август 2015 година, изнесува 105.5.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП