25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSalesforce сака ЕУ да го истражи договорот на LinkedIn и Microsoft

Salesforce сака ЕУ да го истражи договорот на LinkedIn и Microsoft

salesforce 333

Американската софтверска компанија „Salesforce“ ги повика регулаторите во Европската унија (ЕУ) да ги истражат антимонополски прашања поврзани со купувањето на социјалната мрежа „LinkedIn“ од „Microsoft“ за 26 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“.

Се очекува во текот на следните недели „Microsoft“ да побара одобрение од регулаторите во ЕУ за до сега најголемата трансакција.

„Salesforce“, која загуби во наддавањето за „LinkedIn“, ги повика регулаторите одговорни за конкуренцијата, да направат повеќе од обична истрага, наведувајќи дека договорот се заканува на иновациите и конкуренцијата.

„Со стекнување на сопственоста на уникатен сет од податоци на „LinkedIn“ за над 450 милиони професионалци во голем број области во повеќе од 200 земји, „Microsoft“ ќе биде во можност да ја лиши конкуренцијата од пристап до овие податоци и на тој начин да добие нефер предност“, коментира Бурк Нортон, главен советник на „Salesforce“.

„„Salesforce“ верува дека ова покренува важни прашања за конкуренција и заштитата на личните податоци, кои мора да бидат целосно проверени од властите во САД и Европската унија“, додаде тој.

Претседателот на „Microsoft“, Бред Смит вели во соопштението дека „Salesforce“ може да не е свесен, но договорот веќе е одобрен во САД, Канада и Бразил.

„Ангажирани сме со тоа да продолжиме да работиме, за да ни служи за ценовна конкуренција на „CRM“ пазарот, на кој „Salesforce“ е доминантен учесник, задржувајќи ги корисниците со повисоки цени во моментов“, коментира тој.

Проверката која ЕК ја врши на трансакциите по спојувањата, трае 25 работни дена, но може да биде продолжена за околу четири месеци, ако има сериозни стравувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП