25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВолво враќа на поправка 127 илјади автомобили заради фабричка грешка

Волво враќа на поправка 127 илјади автомобили заради фабричка грешка

volvo

Компанијата „Волво“ ширум светот ќе ги повика сопствениците на 127 илјади автомобили да ги довезат на поправка заради проблем со клима уредот, кој може да протече и да ги оштети воздушните перничиња.

Повикот се однесува за моделите KSC90 SUV, S90 и V90, за 2016. и 2017. година.

Волво соопшти дека на властите во САД им пријавил дека е можно одводното црево за кондезат на клима уредот да е неправилно инсталирано во фабриката.

Влагата може да ги спречи воздушните перничиња да се активираат при судар, а може да влијае и врз електронскиот систем за управување со моторот.

Волво овие проблеми ги открил врз основа на извештаите од сервис.

Компанијата наведува дека нема извештаи за повредени патници заради та фабричка грешка и дека очекува поправката да биде нужна кај помалку од еден процент од возилата опфатени со повикот.

Доколку постои проблем, возачите ќе видат светлечко предупредување на инструмент таблата, соопшти компанијата.

Се очекува поправките ширум светот да започнат на 14 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП