19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry престанува да произведува сопствени смартфони

BlackBerry престанува да произведува сопствени смартфони

blaki3433

По 14 години на пазарот, „BlackBerry“ престанува да произведува паметни телефони, објави канадската компанија, цитирана од „ВВС“.

Компанијата, која претходно беше пазарен лидер, сега доживува тешкотии со одржување на темпото во однос на конкуренти како „Apple“ и „Samsung“ и современите телефони, кои ги произведуваат.

Во мај, главниот извршен директор на компанијата Џон Чен рече дека ќе знае до септември дали бизнисот со хардвер ќе стане профитабилен. Сега „BlackBerry“ тврди дека ќе им даде на своите партнери подизведувачи хардверскиот развој.

Компанијата сепак не потврди кога ќе бидат претставени нови телефони „BlackBerry“.

„„BlackBerry“ не може да продолжи да произведува сопствени телефони, само за да им служи на мал број клиенти зависници на локално произведените уреди“, вели Бен Вуд од консултантската компанија „CCS Insight“.

„„BlackBerry“ не го криеше фактот дека може да го затвори својот сопствен бизнис за производство на телефони. Негово предавање на трета страна е логично решение – но секој производител, кој ќе прави уреди со брендот „BlackBerry“, на крајот ќе се соочи со истите предизвици“.

„BlackBerry“ ги откри и резултатите за второто фискално тримесечје, забележувајќи загуба од 372 милиони долари, или 71 центи по акција, во споредба со профитот од 51 милиони долари, или 24 центи по акција, за истиот период од минатата година, соопшти „Cnet“. Приходите се намалиле за една третина до 334 милиони долари. Просечната прогноза на аналитичарите беше за загуба од 5 центи по акција и приходи од 394 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП