28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Германија веќе и недостига армија инженери, но ќе биде полошо!

На Германија веќе и недостига армија инженери, но ќе биде полошо!

gerinzeneri

Владината иницијатива за помоќна дигитализација на германската индустрија доведе до голема побарувачка на инженери за која тамошните факултети не можат да одговорат.

Пред три години владата во Берлин ја лансираше иницијативата „Industrie 4.0“ на која и е цел дигитализација на производниот процес во машинската индустрија, рбетниот столб на германската индустрија, но и економијата во широка смисла.

Иницијативата имаше уште една цел, а тоа е намалување на зависноста од американската технологија. Како што сега стојат работите, „Industrie 4.0“ има успех. Според податоците на „Boston Consulting Group“, 64 oтсто од германските компании од секторот на машинската индустрија во следните две години ќе го дигитализираат своето производство, наспроти 36 проценти од американските конкуренти.

Така некогашните гиганти во оваа индустрија, како што е „Роберт Бош“, се повеќе стануваат технолошки компании. Конкретно, само „Бош“ вработува повеќе од 5.000 инженери за развој на софтвер.

„Германските компании многу бргу воведуваат иновации во производните погони“, истакнува еден научник од истражувачката организација „Фраунхофер“.

Меѓутоа, дигитализацијата на производството е само првиот чекор. На компаниите подоцно ќе им биде потребна цела војска експерти да дигитализираат и произведуваат. Сето тоа бара експерти, а нив едноставно ги нема доволно.

Федерацијата на инженери проценува дека на германските компании оваа година ќе им бидат потребни 85.200 инженери, а ќе пронајдат само 73.500.

Меѓутоа, во следните десет години побарувачката за тој профил на експерти ќе биде дури четири пати поголема од понудата.

Побарувачката за инженери не треба да чуди ако се знае дека Германија е трет светски производител на машини и индустриска опрема, веднаш по Кина и САД.

Секторот од машинската инустрија брои 3.200 компании, повеќето се во семејна сопственост кои вработуваат околу еден милион работници. Со други зборови, овој сектор е најголемиот работодавач од сите останати индустриски сектори.

Mеѓутоа, германските факултети уште од соединувањето во 1990-та, не „произведуваат“ доволен број на инженери. А за тоа постои причина, истакнува Оливер Копел, економист во Институтот за економски истражувања од Келн.

„Бавниот економски раст од 1995-та до 2002-ра ги обесхрабруваше студентите да се запишуваат на инженерските програми“, вели Копел.

Во текот на тој период бројот на дипломирани студенти забележа пад од 50.000 годишно на 30.000. Последиците се видливи и денеска по една деценија еконмска експанзија.

Oд 1,7 милиони инженери кои работат во Германија, 37 oтсто се постари од 50 години. Повеќе од 600.000 ќе заминат во пензија во текот на следните десет години, па затоа недостатокот на експерти ќе биде уште полош.

Во решавањето на тој проблем големите компании се во предност пред помалите компании, затоа што имаат поголема привлечна моќ поради својот углед и финансиска сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП