20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоже ли кризата на Deutsche Bank да ги загрози европските финансии

Може ли кризата на Deutsche Bank да ги загрози европските финансии

deutsche bank teaser

„Deutsche Bank“, најголемата германска и европска комерцијална банка, ја потресе најголемата криза во нејзината историја.

Американското министерство за правда од неа бара 14 милијарди долари поради улогата која ја имала во светската финансиска криза предизвикана од продажбата на хипотекарни кредити. Тамошните медиуми објавија дека канцеларката Ангела Меркел го одбила барањето да ја спасува банката со државни пари.

Сите последици не е лесно да се предвидат, велат упатените, а најлошото можно сценарио е повторното избивање на банкарската криза во европската монетарна унија.

Станува збор за најголемата европска комерцијална банка, системски важна, бидејќи промените кај таквите банки се одразуваат на целиот глобален банкарски систем, а најголемите последици би можеле да ги има банкарскиот сектор во ЕУ, велат експертите.

Вредноста на акциите на банката многу падна, што е последица на реакциите на пазарот, а најлошото можно сценарио е повторно да избие банкарска криза во еврозоната. Веројатноста дека такво нешто ќе се случи е голема, бидејќи италијанските и грчките банкарски системи се во лоша состојба.

Според пишувањата на агенцијата, акциите на „Deutsche Bank“ загубија повеќе од половина од вредноста од јануари оваа година, откако банката прикажа загуба од речиси седум милијарди евра во 2015 година.

Одбивањето на Меркел веднаш да прифати државна интервенција со која би се спасила „Deutsche Bank“, експертите го сметаат за обид настанатата ситуација да се смири, бидејќи тоа би претставувалo голем буџетски трошок кој би го зголемил јавниот долг.

Иако директорот на најголемата германска кредитна институција Џон Крајан, изјави дека на „Deutsche Bank“ не и е потребна помош од државата, сепак експертите сметаат дека е неопходната сума за интервенција е веројатно значително пoголема од споменатите 14 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП