29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкционерите на AB InBev и SABMiller го одобрија соединувањето

Акционерите на AB InBev и SABMiller го одобрија соединувањето

pivo3883

Производителот на пиво „Anheuser-Busch InBev“ во средата доби одобрение за стекнување на конкурентот „SABMiller“ во зделка од над 100 милијарди долари.

Акционерите на двете компании гласаа со големо мнозинство во поддршка на соединувањето, што е едно од најголемите во корпоративната историја. Комбинираната компанија ќе почне да се тргува на берзата на 11-ти октомври.

Зделката ја зајакнува позицијата на „AB InBev“ како еден од клучните играчи на пазарот, кај кого одат околу 46% од профитот на светскиот пазар на пиво и 27% од обемот. Со договорот, компанијата ќе ја намали зависноста од САД и ќе има можност да ги прошири своите операции во 17 африкански земји.

Договорот ги засилува и позициите на конкурентските производители на пиво, кои успеаја да грабнат делови од „SABMiller“.

„AB InBev“ продаде десетици марки, сопственост на компанијата за да добие одобрение од регулаторите за склучување на договорот. Во оваа листа се ставени брендовите „Miller Lite“, „Peroni“ и „Snow“ – најпродаваното пиво во светот.

Процесот за купување на „SABMiller“ започна пред една година, во момент во кој производителот на пиво од Белгија, „AB InBev“ се обидуваше неуспешно да го прероди „Budweiser“ во САД – нејзиниот најголем пазар.

Освен тоа беше соочена со проблеми во Бразил, кој пак е нејзиниот втор по големина пазар. Со купувањето компанијата решава голем дел од овие проблеми, така што се здобива со операции во Јужна Америка, Австралија и Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП