28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзлегува од печат книгата „Тивок хаос“ на Сандро Веронези

Излегува од печат книгата „Тивок хаос“ на Сандро Веронези

tivok-haos

Во четврток, од печат излегува книгата „Тивок хаос“ на Сандро Веронези, во превод од италијански јазик на Калина Јанева. Ова е 136. издание во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, чие излегување е дел од проектот „Креативна европа“ на ЕУ. По тој повод, традиционално, книгата во првите два дена, в четврток и впеток, во книжарницата ИЛИ-ИЛИ читателите ќе може да ја купат по промотивна цена.

Тивок хаос (2005) е роман на италијанскиот автор Сандро Веронези, со кој ја освои најпрестижната италијанска книжевна награда „Стрега“. Истоимениот филм, базиран врз романот, во режија на Антонио Грималди и со Нани Морети во главната улога, беше екранизиран во 2008 година.

Главниот јунак на романот ја живее својата осаменост пред училиштето на ќерка си. По неочекуваната смрт на свршеницата, „мора да си го обнови животот пред местото каде што луѓето одат да учат“, додава авторот. Романот е прекрасно напишан, меланхоличен и духовит, и ги преиспитува и подрива очекувањата на читателите за тоа како изгледа жалоста. Сандро Веронези од секој детаљ прави уметност, создавајќи мозаик од хумор, надеж и длабока проникливост.

„Веронези е успешен овој смел и тежок потфат, во кој создава недоверлив раскажувач што необично ја пројавува жалоста, иако поддејствата се толку сатирични што е нејасно каде завршува шегобијната сатира, а започнува реалистичната психолошка драма“, напишаа во Паблишерс викли, додека Шелф авернес потенцираа: „Како книжевен Фелини, Веронези оживотворува впечатлива човечка комедија како што би се осмелил само еден Италијанец, урнебесно смешно наспроти чистата трагедија. Читателско искуство што не смее да се пропушти“.

Сандро Веронези е италијански романсиер, новинар и есеист. Дипломира архитектура на Универзитетот на Фиренца, градот во кој е роден во 1959 година, но потоа решава да ѝ се посвети на писателската кариера. Автор е на една поетска збирка, пет романи, три збирки есеи, збирка раскази, еден драмски текст и бројни предговори за романи и збирки есеи, интервјуа, сценарио и телевизиски програми.
Неговиот роман Силата на минатото ги освои наградите „Кампиело“ и „Вјареџо“ во 2000 година. Во 2005 години излегува неговиот роман Тивок хаос. Делото е преведено на 20 јазици и е добитник на најпрестижната италијанска книжевна награда „Стрега“, како и на повеќе други награди во Франција и Шпанија

Во 2011 година ја објавува збирката раскази Бакнежи пратени на друго место. Пишува за италијански весници и книжевни списанија, а меѓу неговите дела од областа на документарната проза спаѓа и Око за око, студија за смртната казна на четири различни места во светот (Судан, Тајван, Советскиот Сојуз и Калифорнија).

Сандро Веронези е основач и на италијанската издавачка куќа „Фанданго“, заедно со Доменико Прокачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП