18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТивок ден на Македонската берза за хартии од вредност

Тивок ден на Македонската берза за хартии од вредност

mk berza

На Македонската берза за хартии од вредност во тргувањето во средата беа реализирани скромни 32 трансакции, преку кои беше остварен вкупен промет од 2,8 милиони денари.

Со сите хартии од вредност за кои инвеститорите покажаа интерес во средата се истргуваа со промет помал од милион денари.

Акцијата на Алкалоид ја предводеше листата на акции со највисоко реализиран промет, со вкупно 960 илјади денари. Потоа следеа акциите на Комерцијална Банка со промет од 913 илјади денари, акциите на Макпетрол со реализиран промет од 340 илјади денари и акциите на НЛБ Банка со промет од 202 илјади денари.

Освен акцијата на Топлификација АД, која забележа пораст од 2,94 отсто, останатите забележаа благ пораст во вредноста.

Обврзниците отсуствуваа од пазарот, исто како и претходниот трговски ден.

Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за минимални 0,01 отсто, на 1.949,10, додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП