25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико го сруши Баерн, спектакл во Глазгов, Барса со пресврт до победа...

Атлетико го сруши Баерн, спектакл во Глазгов, Барса со пресврт до победа (видео)

Image (2)

Дваесет и осум голови, три промашени пенали, победа на Атлетико над Баерн во дербито и спектакуларниот меч на Селтик Парк, ги обележаа мечевите од второто коло, во првите четири групи во Лигата на шампионите.

Атлетико и Баерн го репризираа првиот полуфинален меч од минатата сезона, победи домаќинот со голот на Караско во 35.минута.

Белгискиот репрезентативец по грешката на Баварците на средината од теренот, прими топка во празно од Гризман ја повлече десетина метри, а потоа упати прецизен удар од 18 метри и го совлада Нојер.

Баерн го имаше поседот на топката, имаше повеќе додавања, но играчите на Атлетико упатија повеќе удари кон Нојер и имаа поконкретни шанси.

Милер не ја реализираше најдобрата шанса за Баерн во првиот дел, а во второто полувреме добри моѓности имаа Левандовски и Робен. Торес го погоди дирекот во првата изгледна моѓност за „јорганџиите“, а Гризман во самиот финиш не реализира пенал. Неговиот удар заврши во гредата.

Атлетико сеуште е без пораз во новата сезона, додека Баерн со Анчелоти на клупата прв пат загуби и не успеа да постигне гол.

Во вториот меч од Д групата, Ростов и ПСВ Ајндховен одиграа 2-2. Гостите може и да победата, но Попер промаши пенал.

Спектакуларен меч на Селтик Парк во Глазгов, одиграа Селтик и Манчестер Сити. Селтик кој беше аутсајдер три пати водеше но Сити исто толку пати ја анулираше негативата, за конечни 3-3.

Ова е првиот меч во сезоната на кој Сити со Гвардиола не успеа да победи.

Во оваа Ц група Барселона со пресврт славеше во Менхенгладбах. Азар погоди во првиот дел за Борусија, а во второто полувреме головите за Барса ги постигнаа Арда Туран и Пике.

Во А групата Арсенал рутински славеше против Базел со двата гола на Волкот, додека ПСЖ во Софија со 3-1 го победи Лудогорец. Кавани беше двоен стрелец за ПСЖ.

Нсполи, во Б групата, славеше над Бенфика со 4-2, иако имаше водство од 4-0, а Динамо Киев одигра 1-1 во Истанбул против Бешикташ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП