28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOPEC одлучи да го намали производството, нафтата веднаш скокна за 5 отсто

OPEC одлучи да го намали производството, нафтата веднаш скокна за 5 отсто

опек-opec

Претставниците на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на дводневниот состанок во Алжир, во средата ноќта се договорија за намалување на производството на нафта за да ги поткрепат цените на „црното злато“ кои повеќе од две години се на ниски нивоа поради преголемата понуда, а станува збор за првиот таков договор од 2008 година, кој веднаш по објавувањето предизвика скок на цената за околу 5 отсто, пренесуваат агенциите.

Како што пренесе агенцијата Bloomberg News, пренесувајќи изјава на член на една од делегациите, во OPEC се согласиле да го намалат производството на сирова нафта за 796.000 барели на ден, што значи дека ќе произведуваат 32,5 милиони барели дневно. Станува зор за количеството коешто нафтениот картел го црпел во март, односно 32,47 милиони барели дневно, според податоците на Меѓународната агенција за енергетика (IEA).

Економскиот дневен весник The Wall Street Journal, пак, пишува дека е постигнат начелен договор за замрзнување на производство, а за деталите ќе се расправа на самитот на OPEC во неговото седиште во австриската престолнина Виена, на 30-ти ноември.

Информацијата истовремено ја потврдиле и извори за иранската агенција Shana, а ја пренесе и Reuters.

На Саудиска Арабија притоа ѝ е предложено да го намали производството на 442.000 барели дневно во однос на август до 10,1 милиони барели дневно. За Иран е препорачана квотата од 3,7 милиони барели, што значи пораст во производството на нафта за 52.000 барели дневно споредено со августовското ниво. За Нигерија и Либија, коишто имаат проблеми поради нарушената безбедносна ситуација во овие африкански земји, се предлага воопшто да бидат ослободени од намалувањето на производството.

Со договорот постигнат во рамките на OPEC кој дојде по тешките преговори се направи обид да се премостат несогласувањата меѓу членките кои малку пред 21 часот по средноевропско време, речиси пет часа по почетокот, уште учествувале на оваа неформална среда.

Ова ќе значи промена на однесувањето на Саудиска Арабија којашто досега не сакаше да размислува за намалување на производството, доколку тоа не го сторат и другите земји, во прв ред регионалниот ривал Иран, во настојувањата да се задржи својот пазарен удел. Русија, кој е вториот според обемот произведувач на сирова нафта во светот, чии претставници, исто така, присуствуваа во Алжир, соопшти дека одлуката ќе ја донесе по средбата на OPEC, на кој таа не е членка.

Веста веднаш поттикна раст на цената на сировата нафта на њујоршката берза, иако пазарите очекуваа дека состанокот во Алжир ќе заврши без договор. Цената на фјучерсите на нафтата од марката Brent со испораки во ноември годинава на берзата ICE во Лондон веднаш по оваа вест скокнаа за 4,6 отсто, до 48,36 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП