20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Post го купува UK Mail

Deutsche Post го купува UK Mail

ukmail333

Германскиот оператор на поштенски услуги Deutsche Post во среда објави дека постигнал договор за аквизиција на британскиот поштенски оператор UK Mail Group во готовинска трансакција со која компанијата е проценета на 243 милиони фунти.

Целта на аквизицијата е воспоставување на прекуграничната мрежа за достава на пакети. Во Deutsche Post се надеваат дека аквизицијата на британскиот конкурент ќе им донесе важна синергиска полза и ќе ја зајакне нивната позиција на британскиот пазар на поштенски услуги.

Германската компанија ќе плати 440 пени за акција на UK Mail, што претставува премија од 43,1 отсто во однос на цената на акциите на британскиот оператор на затворањето на берзите во вторник, се наведува во соопштението на Deutsche Post.

Директорите на UK Mail им препорачуваат на акционерите да ја прифатат понудата на германската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП