24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишната добивка на TUI веројатно ќе ги надмине очекувањата и покрај тешкото...

Годишната добивка на TUI веројатно ќе ги надмине очекувањата и покрај тешкото лето

TUI Logo auf Wand.jpg

Најголемиот туроператор во Европа, „TUI“ соопшти дека годишниот профит најверојатно ќе ја надмине прогнозата. Ова лето компанијата успеа да ги пополни хотелите и луксузните бродови и покрај пренасочувањето на бизнисот од источното кон западното Средоземје, како последица на терористичките напади во Турција, соопшти „Bloomberg“.

Главната добивка пред каматата, даноците и амортизацијата за годината што завршува на 30-ти септември, ќе се зголеми за 12-13% кај постојана валута, изјави компанијата со седиште во Хановер, Германија. Претходната прогноза беше за раст од најмалку 10%. Продажбата и бројот на клиенти од главните пазари се зголеми за 1%, додека цените остануваат без промена. Без патувањата до дестинации во Турција, резервациите од овие пазари се зголемија за 7%.

„Летната сезона на 2016-та година беше особено провокативно време за туристичките компании и авиокомпаниите. Силни сме во Медитеранот. Инвестиравме на Карибите и Југоисточна Азија и во проширување на нашата флота за крстарење“, вели главниот извршен директор Фриц Јесен во соопштението.

Туроператорите почнаа да ги пренасочуваат авионските и хотелските резервации далеку од Турција, претходно оваа година по терористичките напади и неуспешниот пуч ја направија земјата помалку привлечна за летувалците.

Презентацијата на „TUI“ е контраст со тоа на помалиот британски конкурент „Thomas Cook“, кој во вторникот изјави дека цените и резервации за летото се намалиле за 4%, откако во јули ја намалија прогнозата за добивка.

Акциите на „TUI“ поскапеа во Лондон за 4,1% до 1.130 пени – највисоката нивна цена во текот на денот од 8-ми февруари. Од почетокот на годината досега сепак цената на акциите е намалена за 7,7%, што ја прави проценката на компанијата од 6,56 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП