23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Zoe зa 2017-та: Дo 400 км со полна батерија (фото)

Renault Zoe зa 2017-та: Дo 400 км со полна батерија (фото)

zoe 88

Француската компанија „Renault“ ги откри карактеристиките на новата верзија на електричниот модел „Zoe“, чија премиера ќе се одржи оваа недела на саемот во Париз. Моделот е означен со иницијали „ZE 40“ и нуди домет од 400 километри.

Новата верзија на моделот „Renault Zoe“, кој е најдобро продаваниот електричен автомобил во Европа, користи нови електромотор и батерии. Акумулаторите имаат капацитет од 41 киловатчасови, кои обезбедуваат километража со едно полнење од завидни 400 километри. Предметната километража сепак е измерен по компромитиран европски систем „NEDC“, која ќе биде заменета со нова од 2017-та година. Токму затоа францускиот производител прецизира дека реалната километража на „Zoe ZE 40“ е околу 300 километри, што е исто така импресивен резултат.

Предметниот нов акумулатор е доставен од „LG Chem“, а тежината и димензиите му се слични со понудените до моментов батерии со речиси двојно помал капацитет – 22 киловатчасови.

zoe 89

Погонскиот електричен мотор исто така претрпел промени, така што веќе развива 66 киловати, или близу 90 КС. Се уште не е официјално потврдена, но се очекува новиот „Zoe ZE 40“ да предложи и систем за брзо полнење на батериите.

Во моментов се познати само цените на моделот за пазарот во Холандија. Таму новиот „Zoe ZE 40“ стартува од 31.890 евра.

Француската компанија ќе продолжи да ја нуди и старата верзија на „Renault Zoe“ со домет од 240 километри и моќност од 52 киловати (78 КС). Нејзината цена започнува од 29.390 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП