18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Twitter се уште не лета високо

График на денот: Twitter се уште не лета високо

pticica 350505

„Twitter“ изгледа се повеќе како совршена мета за апсорпција. По „Salesforce“ и „Google“ сега и за „Disney“ се тврди дека размислува за понуда за социјалната мрежа.

На краток рок тоа се одразува добро на цената на акциите на „Twitter“ – тие скокнаа за 19% од четвртокот до петок. Сепак за компанијата уште во никој случај не може да се тврди дека „лета високо“.

Откако првично се зголемија до 45,10 долари за акција во ноември 2013-та година, цената на акцијата во моментов е значително под тоа ниво. Падот е уште поголем ако се земе предвид рекордниот максимум од 73,31 долари, забележан во декември 2013-та година.

Од тогаш наваму, пазарната капитализација на компанијата падна за 23,5 милијарди долари. Во моментов таа е 16,4 милијарди долари, откако во последните неколку квартали, социјалната мрежа оствари загуби и забележа забавување на растот на бројот на корисници.

Така секој потенцијален купувач би требало да располага со солиден план за да ја натера малата „сина птица“ да лета назад нагоре во висините, коментира „Statista.com“.

ptica sina 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП